Пополнете прашалник : Kолку, како и кога користите велосипед?

Од:

Како дел од проектот чија крајна цел е подобрување на условите за возење велосипед и велосипедската инфраструктура, Општина Центар спроведува прашалник и мапирање на велосипедското движење. Од денеска до 22 март ќе се спроведе електронски прашалник

Целта е да се добијат податоци, врз база на секојдневното искуство од движењето низ градот, за најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои користат велосипед како транспорт, потребни за планирање и креирање соодветни политики во општината Центар. Според општината, прашалникот е лесен и се пополнува електронски, а наменет е за сите граѓани на Скопје кои користат велосипед, но и за оние кои се заинтересирани во иднина да користат и би сакале да се подобрат условите.

И покрај сите познати предности (здравствени, еколошки, економски, просторни итн), велосипедот се уште не е значително користен во нашата средина.

Во изготвувањето на прашалникот со свои сугестии помогнаа професори од Архитектонскиот факултет и волонтери од НаТочак, соопштуваат од општина Центар.

Проектот има и втора фаза – истражување на движењето на велосипедистите преку мобилни апликации, поточно STRAVA.
Следењето на движењето интензивно ќе се спроведе во периодот 22 март- 22 април, но доколку тие што поседуваат паметен телефон, можат уште од денес да вклучуваат Страва кога го користат велосипедот како превоз.

Како релевантни во истражувањето ќе се земат предвид транспортните велосипедски рути (не рекреативните). Повеќе информации за таа фаза Центар ќе сподели пред 22-ти март, а сите што се заинтересирани да учествуваат во мапирањето треба да ги остават своите податоци на крајот на прашалникот.

-Од велосипедските рути со помош на GIS алатки ќе бидат извлечени заклучоци за најпреферираните патеки за движење на велосипед, места каде се јавува застој, најчестите дестинации, пречките, брзината на движење итн. Оваа фаза ќе ни помогне да дознаеме повеќе за навиките на велосипедистите, да издвоиме приоритетни проблеми за решавање и ќе не насочи во планирањето на велосипедската инфраструктура, велат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории