ОН побара од Турција да ја почитува слободата на говорот

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун побара од Турција да ја почитува слободата на говорот, откако Владата презеде контрола врз најпродаваниот опозициски весник во земјата „Земан“, познат по критиките кон владејачката партија.

Турските власти ја презедоа контролата врз весникот во петокот како мерка против приврзаниците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во САД и е најголем непријател на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Бан Ки-мун го следи внимателно развојот на ситуацијата во Турција, изјави портпаролот на генералниот секретар, Фархан Хак.

Генералниот секретар на светската организација бара од турските власти да ја почитуваат слободата на говорот и на собири, бидејќи смета дека демократијата и социјалниот развој зависат од постоењето на различни мислења, дури и кога тие се критички.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски