Родителите од време на време се прашуваат зошто нивните љубени деца, кога се приближуваат кон полнолетството немаат некој свој мотив, цел, амбиции. Се повеќе деца се пасивни и дезориентирани.
Среќното детство секако е една од причините. Родителите со целосно посветување на децата, нудејќи им само позитивни доживувања и исполнувајќи поголем број од нивните желби несвесно кај нив создаваат импресија дека детството е најубавиот дел од животот.
Гледајќи како родителите го жртвуваат своето за да им ги исполнат желбите децата заклучуваат дека не е пријатно да се биде возрасен. Затоа го одложуваат преминот во „непријатниот возрасен период“.
Младите кои на зрелоста гледаат негативно, немаат ниту позитивна визија што би сакале да работат или да бидат кога ќе пораснат.
– Нивните менатални процеси се насочени кон сегашноста. Кога некој нема позитивна визија за иднината, тогаш нема ни желба да чекори кон иднината – ја нема движечката енергија, која е мотив да се тргне по долгиот пат, на кој има препреки, а кои водат кон саканата цел. Наместо тоа младите сакаат удобната состојба во која се наоѓаат, да продолжи, пишува за „Политика“, психотерапевтот, Зоран Миливојевиќ.
Животните судбини покажуваат дека многу силен мотив за постигнување на одредена цел и личен успех, настанува на два начина.
Еден е кога децата имале непријатно детство, кога гледале со завист кон другите деца кои го имале она што тие не можеле да го имаат. Од сиромаштијата и фрустрациите настанува силен мотив во животот да се успее и на себе и своите деца да им го овозможат сето она што тие го немало во детството.
Вториот начин е кај децата, кои имаат амбициозни родители, кои можеби и пред нивното раѓање имале јасна цел каде во иднина детето трега да стигне. Тоа се „родители-тренери“ кои несвесно на детето му испраќаат порака дека ќе го сакаат само ако им ја исполни нивната амбиција. Детето во текот на времето се поистоветува со амбициите на родители и почнува да ги доживува како соптствени и се стреми кон успех.
Родителите кои воспитувањето погрешно го изедначиле со давање љубов, треба да знаат дека тоа што нивното дете се чуствува среќно во семејниот круг, не значи дека позитивната слика за себе може да се потврди со некои лични достигнувања и успеси во рамки на својата генерација.
Има голем број примери дека непријатените чувства, фрустрираност и досада придонеле детето да открие што е тоа што навистина го интересира и што сака да оствари, да го открие својот внатрешен мотив.
Важно е на детето да му се даде љубов, бидејќи на тој начин му се помага да изгради позитивна слика за себе, но важно е и да им помогнете да ја надминат детската желба, да го прават само она што им е пријатно.
Кога инсистираме детето да го прави она што му е непријатно, но истовремено е корисно, ние му помагаме да ги изгради своите работни и други навики. А тие се услов детето да ги оствари своите сонови.