Унгарија и Хрватска повторно ги отвораат железничките премини

Од:

Унгарија и Хрватска повторно ќе ги отворат трите заеднички железнички гранични премини, кои се затворени од средината на минатата година поради бегалската криза, објави денеска унгарската агенција МТИ.

Засега не се знае кога тие премини ќе бидат повторно отворени и дали таа мерка ќе биде трајна, пренесува Танјуг.

Голем број бегалци и мигранти влегоа минатата година во Унгарија преку граничните премини Муракерестур-Коториба, Џекењеш-Копривница и Маџарбол-Бели Манастир, на патот кон Германија.

Голем прилив на бегалци е запрен кога Унгарија кон крајот на 2015 година крена ограда на границата со Србија и Хрватска, со цел да го спречи нивниот понатамошен влез.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик