ЕУ ќе ја затвора балканската бегалска рута

Од:

Лидерите на ЕУ на денешниот вонреден Самит во Брисел, посветен на мигрантската криза, се очекува да донесат одлука за затворорање на рутата за беглаците долж балканските земји, како дел од напорита за запирање на праксата за новно препраќање од Грција кон централна Европа.

Во писмо упатено да шефовите на држви или влади на членките на Унијата, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази „внимателен оптимизам“ дека на денешната средба на врвот, како и на Самитот ЕУ-Турција, ќе бидат постигнати „позитвини резултати“.

Според Туск, како што јави БТА, затворањето на балканската бегалска рута нема целосно да го реши проблемот со мигрантите, па затоа е потребно да биде донесена одлука за помош на Турција со цел да го запре на бегалскиот бран кон Грција, но и да се согласи да прими назад дел од мигрантите кои од нејзината територија се упатиле кон Европа, а немаат основа за добивање азил во ЕУ.

Туск најави дека Европскиот совет би требало да донесе одлука за обезбедување на 700 милиони евра наменети за хуманитрани активности на Еврокомисијата, кои во најголем дел ќе бидат наменети како помош за Грција.

– Првпат е на повидак заеднички договор во ЕУ. Ако плановите бидат почитувани, тие ќе доведат до саканиот резултат, наведе Туск до лидерите на земјите члени на ЕУ во пресрет на нивниот денешен Самит.

Парискиот весник „Фигаро“ наведува дека во нацрт-заклучоците за Самитот се посочува дека покрај затворањето на балканската рута, ќе биде направено „се што е максимално можно“ во корист на Грција, со цел таа да не се претвори во „терминал“ за мигрантите,

Како што јави дописникот на МИА од Париз, весникот оценува дека приливот на илегални имигранти преку Балканот се ближи кон својот крај, а ЕУ ќе ја поддржи Грција „во овие тешки моменти“ и ќе направи се што е во нејзина моќ да и помогне во справувањето со бегалската криза.

Преку балканската рута лани во западните држави на ЕУ пристигнаа околу 880.000 бегалци, а од почетокот на годинава уште 128.000 други. Тоа резултираше со воведување на времени контроли на границите на земјите во рамките на Шенеген зоната, што го доведе во прашање нејзиното опстојување, Минатата недела Европската комисија промовираше план за целосно враќање во сила на правилата за слободно движење на луѓе и стоки во рамки на Шенегн зоната најдоцна од декември годинава.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија