Европскиот шампион Барселона синоќа во дуелот од последното 14. коло од групата Б од Лигата на шампионите на домашен терен го победи бундеслигашот Рајн Некар Ловен со 26:20.
Со оваа победа Барселона е прва во групата и обезбеди дирекетн пласман во четвртфиналето, а поразот на РНЛ го искористи македонскиот првак Вардар, кој групата ја заврши на третото место. Според пласманот Вардар во осминафиналето ќе игра против полска Висла.
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров постигна 6 голови, а голманот на Македонија, Борко Ристовски (брани за РНЛ) имаше 11 одбрани.
Одличен настап имаше и македонскиот репрезентативец Немања Прибак, кој во поразот на неговиот Бешикташ од Цеље постигна 10 голови без промашување.
Двојки А група 14.коло: Кил – ППД Загреб 31:29. Веспрем – Висла 27:25, Цеље – Бешикташ 43:29. Денеска играат: ПСЖ – Флензбург.
Табела А група: Веспрем 23 бодови, ПСЖ 22, Флензбург 20, Кил 17, ППД Загреб 11, Висла 8, Цеље 7, Бешикташ 2.
Двојки Б група 14.коло: Вардар – Монпеље 34:26, Барселона – Рајн Некар Ловен 26:20. Киелце – ПИК Сегед и Колдинг – Кристијанштад играат попладнево.
Табела: Барселона 23 бод, Киелце 19, Вардар 18, Рајн Некар Ловен 17, ПИК Сегед 15, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.
Во реванш дуелите од баражите Мотор – Ла Риоха 39:37 (70:67 вкупно) и Мешков Брест – Скјерн 27:23 (58:54). Пласман во осминафиналето обезбедија Мотор и Мешков Брест.