Францијa, Италија и САД обезбедија пласман во четвртфиналето на Дејвис купот

Од:

Тениските репрезентации на Франција, Италија и на САД обезбедија пласман во четвртфиналето на Дејвис купот откако во мечевите од 1. коло ги совладаа своите ривали односно стигнаа до третиот поен.

Американците тоа го направија со денешната победа (3:1) над Австралија во четвртиот меч, откако по вториот ден водеа со 2:1. Франција води против Канада на домашен терен со 3:0 и во следната рунда ќе игра со победникот од дуелот Германија – Чешка. Италија има предност од 3:0 против Швајцарија и во следната рунда го чека подобриот од дуелот Аргентина – Полска.

На другите пет мечеви резултатот е 2:1 и денешните сингл дуели ќе го дадат победникот.
Единствено Велика Британија води дома со Јапонија, додека на другите дуели предност имаат гостите: Србија – Казахстан 1:2, Полска – Аргентина 1:2, Германија – Чешка 1:2 и Белгија – Хрватска 1:2.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ