Македонија ја победи Црна Гора во Дејвис купот

Од:

Македонската тениска репрезентација оствари победа над Црна Гора во мечот за 5.место од Третата Европска зона од Дејвис купот. Натпреварувањето се играше во Талин, Естонија. Македонија ги доби двата сингл меча и со тоа го освои 5.место.

Во својот прв сингл меч за репрезентацијата Горазд Србљак донесе водство за Македонија откако го совлада Матија Булатовиќ со 6:1 и 6:2 во сетови. Во вториот меч Димитар Грабул го победи Резарт Цунгу со 6:2 и 6:0 во сетови. Победникот беше решен и мечот во двојки немаше потреба да се игра.

Во полуфиналните дуели Естонија ја победи Молдавија со 2:0, а Кипар беше подобар од Република Ирска со истиот резултат. Пласман во Втората Евро-африканска зона изборија Естонија и Кипар, а Македонија и следната година ќе игра во истата зона.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ