Двајца повредени во тепачка во тетовска гимназија

Од:

Двајца 19 годишни лица од Тетово се здобиле со повреди по тепачката што вечра нешто пред 16 часот се случила во дворот од тетовската гимназија „7 Март “, информираат од полицијата.
Според нивните податоци, во тепачката учествувале седум лица, двајца 19 годишници и петмина 18 годишници, сите од Тетово.

– Меѓу двете групи започнала вербална расправија која брзо преминала во меѓусебна тепачка при што едно 19 годишно лице се здобило се две убодни рани во пределот на грбот, најверојатно од нож, а неговиот врсник со сериозна повреда на раката од удар. На двајцата им била пружена лекарска помош во Тетовската клиничка болница при што поредениот со убоди во грбот бил задржан за лекување, соопшти полицијата.

Петмината 18 годишници, заедно со нивни родители биле повикани на разговор во тетовската полиција, а службени разговори биле извршени и со двајцата повредени.

Во зависност од видот на повредите, од полицијата најавија дека ќе поднесат и соодветна пријава против учесниците во тепачката.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он