Вардар со победа над Монпеље може до третото место во групата

Од:

Ракометарите на Вардар попладнево (почеток 17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го играат последниот натпревар од групата Б од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува француски Монпеље, екипа која има обезбедено пласман во осминафиналето, но нема опасност да биде загрозена од други екипи, ниту пак има шанса за подобар пласман.

Французите во овој дуел немаат што да загубат и ќе играат растеретено. За разлика од нив „црвено-црните“ со триумф ќе го очекуваат исхдот од дуелот Барселона – Рајн Некар Ловен, доколку победи европскиот првак Барселона, Вардар (ако победи) групата ќе ја заврши на третото место и со тоа реваншот од осминафиналето ќе го игра на домашен терен.

Вардар ја има улогата на фаворит, а на досегашните три натпревари со Монпеље македонскиот првак има две победи (30:25 и 30:26) и еден дуел заврши нерешено (34:34).

Покрај овој дуел денеска се играат уште три, а натпреварите од последното коло ќе бидат комплетирани со утрешните три.

Двојки А група 14.коло: Кил – ППД Загреб 31:29. Веспрем – Висла, Цеље – Бешикташ (сабота), ПСЖ – Флензбург (недела).

Табела А група: ПСЖ 22 бода, Веспрем 21, Флензбург 20, Кил 17, ППД Загреб 11, Висла 8, Цеље 5, Бешикташ 2.

Двојки Б група 14.коло: Вардар – Монпеље, Барселона – Рајн Некар Ловен (сабота), Киелце – ПИК Сегед и Колдинг – Кристијанштад (недела).

Табела: Барселона 21 бод, Киелце 19, Рајн Некар Ловен 17, Вардар 16, ПИК Сегед 15, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.

Реванш бараж дуелите се играат истотака денеска: Мотор – Ла Риоха (31:30 прв натпревар) и Мешков Брест – Скјерн (31:31).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ