Пораз на Јотовски и Република Ирска изедначи на 1-1 во Дејвис купот

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да го донесе вториот поен за Македонија во мечот со Република Ирска во дуелот за првото место во групата Б во рамките на Дејвис купот што се игра во Талин, Естонија. По двата сингл меча резултатот е 1-1 и за победникот ќе решава мечот во двојки што е на програмата вечерва.

Јотовски во дуелот на двајцата прворангирани играчи на двете селекции загуби од Сем Бери со 6:3 и 6:4. Противникот имаше контрола над резултатот во целиот тек од мечот.

Во првиот денешен меч Димитар Грабул го победи Бјорн Томсон со 2:1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:3).

Во конкуренција на двојки за Македонија ќе играат Грабул и Јотовски, додека за Република Ирска се пријавени Бери и Дејвид О‘Хер. Според рангот на играчите Ирска важи за фаворит.
Мечевите во другите групи се веќе завршени и познати се полуфиналистите. Домаќинот Естонија ќе игра против Моладавија, а Кипар за ривал ќе го има победникот од дуелот Македонија – Република Ирска.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ