Еден тешко повреден италијански алпинист со хеликоптер е спасен од Велебит, а спасувачката мисија сеуште трага по групата британски туристи кои се загубени на планината.
Поради дехидратација и исцрпеност, британските туристи заглавени на Вагански Врв, висок 1757 метри, побарале помош од хрватската спасувачка служба. На помош веднаш им е пратена копнената екипа од Задар, но се очекува спасувањето да трае неколку часа.
Паралелно со акцијата за спасување на туристите од Велика Британија, спасувачите го извлекле од една висока карпа и тешко повредениот италијански алпинист. Карпата висока 350 метри, била недостапна за мисија по копно, поради што спасувачите морале да користат хеликоптер. Повредениот алпинист е пренесен во задарската болница.