Македонија поведе со 1-0 во мечот со Република Ирска во Дејвис купот

Од:

Тениската репрезентација на Македонија поведе со 1-0 против Република Ирска откако во првиот меч што заврши предмалку Димитар Грабул го совлада Бјорн Томсон со 2:1 во сетови.

Дуелот меѓу Македонија и Р.Ирска се игра во Талин, Естонија во рамките на натпреварувањето од Третата Европска зона од Дејвис купот. Ова е решавачки дуел за првото место во групата Б.

Грабул лошо го почна мечот откако неговиот ривал го доби првиот сет со 6:3 во гемови. Во продолжението нашиот тенисер, кој е поискусен, во вториот сет направи пресврт и по водството од 2:0 на Томсон, сетот го доби со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет Грабул на почетокот направи брејк и предноста ја зачува до крајот и сетот го доби со 6:3.

Во вториот меч ќе играат Томислав Јотовски за Македонија и Сем Бери за Република Ирска, двајцата прворангирани играчи во селекциите. Потоа ќе следува и мечот во двојки.

Победникот од овој дуел утре ќе игра со Кипар за пласман во Втората Евро-африканска зона.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ