Посебен сообраќаен режим кон гробиштата „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“

Од:

По повод верскиот празник „Задушница“ утре во перидот од 6:00 часот па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.

На градските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“ во продолжение по локалниот пат за село Мирковци и лево по улица „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата. Додека пак излегувањето ќе се одвива десно по ул „Боца Иванова“ кон улица „Александар Урдаревски“.

Сообраќајот кон и од гробиштата „Камник“ и „Ѓорче Петров“ ќе биде непосредно регулиран со присуство на сообраќајна полиција.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози