ВИДЕО: Демонстрантите палеа и кршеа околу темелот на крстот

Од:

Демонстрантите во Бутел кои протестираат против поставувањето на 55 метарскиот крст ги искршија оградата поставена околу темелот и гредите кои беа ставени во темелот и запалија една од палмите кои се насадени на кружниот тек.

Тие ги продолжуваат протестите во шаторите кои ги поставија на местото каде што треба да се изгради крстот.

Иако протестот се одвиваше под засилено полициско присуство, никој не презема ништо кога демонстрантите почнаа да кршат и ја запалија палмата.

Рафиз Алити од Демократската унија за интеграција ги повика сите партии да им се придружат на протестите.

Ермира Мехмети рече дека не протестираат против верските симболи, туку против прстите на политиката кои се вмешани во целата работа. Таа кажа дека нема да дозволат ова да помине така, туку се ќе тече по европски терк.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски