ВИДЕО: Демонстранти ја урнаа оградата околу темелот за крстот во Бутел и поставија шатори

Од:

Околу илјада граѓани предводени од ДУИ ја урнаа оградата поставена околу темелникот за изградба на крстот во Бутел. Демонстрантите се собираа пред стадионот во Чаир, а потоа се упатија кон кружниот тек каде е планирано да се гради 55 метарскиот крст.

Демонстрантите поставија шатори и албански знамиња околу темелот на крстот и најавија дека ќе преноќуваат таму додека не се промени одлуката за поставување на крстот.

Функционерите на Демократската унија за интеграција револтирано велат дека доколку државата толку се грижи за албанците христијани, треба да им изгради Албанска православна црква.

Според нив, протестите нема да завршат тука и најавија помасовни протести доколку крстот продолжи да се гради. На протестот учествуваа градоначалникот на чаир, Изет Меџити, Талат Џафери, Ермира Мехмети, Артан Груби, Рафиз Алити и други функционери на партијата.

Групата носење албански знамиња и транспаренти на кои пишува: „Не сакаме Скопје што ќе се претвори во Белфаст, Ерусалим или Бејрут“, „Политиката надвор од верата“, „Оваа земја е секуларна“.

Претходно градоначаникот на Чаир, Изет Меџити рече дека протестот е испровоциран со поставувањето на крстот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски