Европската комисија даде денеска зелено светло за изградба на грчкиот крак на Трансјадранскиот гасовод, кој е дел од Јужниот гасен коридор.
Со таа одлука се овозможи изградбата да заврши до 2020 година и со тоа за Европа да биде обезбеден гас од наоѓалиштето „Шах Дениз 2“ во Азербејџан.
ЕК нагласи дека тој проект не е спротивен на европското право и оти ќе обезбеди диверзификација на доставките при конкурентни цени.
Предвидено е трасата да минува преку Грција, Албанија и Италија, при што на тој начин се обезбедува гас за Југоисточна Европа.
Трансјадранскиот гасовод ќе минува под Јадранското море и ќе чини 5.6 милијарди евра.