Жерновски на Конгрес на Европските либерал-демократи

Од:

Претседателот на Либерално Демократската Партија  Андреј Жерновски, заедно со Претседателот на Одборот за меѓународни односи и евро-атлански интеграции на ЛДП Владимир Кироски, ќе учествува на годишниот Конгрес на ЕЛДР – Европската Либерал-Демократска Партија (ELDR – European Liberal Democrats), кој ќе се одржи од 8 до 10 ноември во Даблин, Република Ирска.

На Конресот на Европските Либерал-Демократи ќе учествуваат европските сестрински партии/членови на ЕЛДР, меѓу кои и Либерално Демократската Партија, а многу од нив ќе бидат претставувани (покрај другите делегати) од нивните лидери, сегашни и поранешни премиери, министри, членови на националните и на Европскиот Парламент. Покрај  делегати,  на Конгресот ќе земат учество и други видни гости, како и медиуми и новинари од многу европски држави.

Покрај учеството во редовниот дел од предвидената програма, Претседателот на ЛДП г-динот Андреј Жерновски, на маргините на Конгресот на ЕЛДР ќе оствари повеќе средби на соодветно ниво, кои се од големо значење не само за Либерално Демократската Партија, туку пред се за Република Македонија и нејзините аспирации за што поскоро евро-атланско интегрирање.

 

Би можело да ве интересира

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции