Туск до бегалците: Не одете во Грција, таа веќе не е транзитна земја

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина ја потврди новосоздадената ситуација во Грција со нестивнувачкиот прилив од бегалци кон земјата заради затворените европски граници.

Притоа тој на бегалците им упати повик – „Не одете во Грција, таа веќе не е транзитна зема“, информира грчкиот сајт Њуз.ин, пренесува БТА.

Ципрас, од своја страна, ја истакна неопходноста сите да го почитуваат основниот принцип, што се сведува на почитување на договорите и одлуките на Европскиот совет во однос на бегалскиот проблем.

Ципрас остро ги критикуваше „едностраните активности“, кои се во спротивност со заклучоците на Европскиот совет и доведоа до драстично ограничување на бегалските приливи преку такаречениот Балкански коридор и до многу сериозни последици за бегалците и за Грција.

Овие дејствија беа преземени за да го дополнат демонстративното одбивање на многу држави од ЕУ да учествуваат во процедурата за наново сместување, истакна Ципрас и додаде дека Грција веќе презела голем товар што не е во нејзините сили.

– Нема да дозволиме Грција да се претвори во „склад за изгубени души“, додаде Ципрас, подвлекувајќи дека неговата земја нема бегалците да ги остави без помош и ќе изгради објекти за нивен привремен престој.

Грчкиот премиер на средбата со Туск инсистирал на примена на една континуирана политика за реадмисија на нелегалните мигранти во земјите од каде потекнуваат. 

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он