Бегалците, кои се стремат по секоја цена да си заминат од Грција и да стигнат до европските земји, кои имаат подобри материјални и социјални услови за живот, не бараат заштита, туку економска благосостојба, изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“.
– Од човечка гледна точка ние можеме да разбереме дека тука не станува збор за барање на заштита, туку за барање за подобра иднина на економски план. Но ние не можеме да прифатиме такво нешто, рече Курц.
Тој ова го изјави во врска со мигрантите, кои организираат демонстрации на границата на Грција со Македонија и кои се обидуваат да влезат на македонска територија, за потоа да се упатат кон Австрија и Германија.