Битолската полиција поднесе кривична пријава против 59-годишниот Б.М..
Тој се сомничи дека на 27-ми септември оваа година, со секира повредил битолчанец и сограѓанин, кој возел такси возило.
Според полициската пријава, насилникот околу 22,30 часотна улицата „Кочо Десанот“ кој бил под дејство на алкохол го пресретнал Ј.С. кој во моментот влегувал во такси возило, по што седнал до него во возилото и со секирче го удрил по главата, а потоа удрил и кон такси возачот Д.Т., нанесувајќи му повреда на десната рака.