Од почетокот на прекинот на огнот Турција во соедната Сирија извела напади единствено врз цели на Исламска држава, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи,Танжу Билгич, цитиран од британските медиуми.
Според Билгич, откако почна примирјето сириската Влада и Русија постојано изведуваат бомбардирања во оваа земја.
Портпаролот на турското МНР пред новинарите во Анкара уште кажа дека руските тврдења за оружјето, што во Сирија било испраќано сокриено во конвоите со хуманитарна помош од Турција, не треба да се земаат за сериозно и имаат за цел единствено да ги прикријат руските воени злосторства.