Утре без струја повеќе делови од Скопје

Од:

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Бутелски Венец и Индира Ганди во општина Шуто Оризари, од 9:30 до 11:00 часот населба Пирков Рид во општина Карпош, од 8:30 до 13:00 часот дел корисниците од улицата Радишанска (после последна станица на 57-ка) и патот за Љубанци во општина Бутел.

Прекин во снабдувањето со струја од 11:30 до 14:30 часот ќе имаат дел од корисниците на улицата Антон Попов – броеви 83, 85, 87, 89, 91 и 93 во општина Гази Баба, од 9:00 до 14:30 часот од северниот дел од Визбегово во општина Бутел, од 9:00 до 15:30 часот од селото Кучевиште во општина Чучер-Сандево, а од 12:30 до 14:00 часот корисниците од улицата Букор Иванович Глигорович во општина Аеродром.

Без струја ќе бидат и  корисниците од улицата Иван Горан Ковачиќ во општина Аеродром и тоа од 8:00 до 12:00 часот, од село Горно Лисиче – на влезот кај каналот и тоа од 11:00 до 12:00 часот, а од 8:30 до 10:30 часот корисниците од делови од улиците Горно Лисиче и улицата Божин Николов во општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја