А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се ограничат дискусиите за амандманите за Законот за бранители

by А1он08/11/2012 - 13:0008/11/2012 - 13:10194
Share0

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска го продолжи заседанието на кое на дневен ред се амандманите за Предлог-законот за бранителите.

Добивај вести на вибер

Пратениците ги изгласаа ограничувањата на обраќањата на пратениците според препораките содржани во писмото што претседателот на Собранието го упати до Комисијата и до пратеничката група на ДУИ. Подоцна беше изгласано и ограничување на времетраењето на процедуралните забелешки бидејќи за време на седницата пратениците од ДУИ и од ДПА се обидоа преку нив да имаат подолги обраќања поврзани не само со темата на седницата.

Седницата попладнево по вторпат беше прекината откако пратеникот на ДПА Зијадин Села одби да го прекине своето обраќање побарано како процедурална забелешка откако ги надмина трите минути, изгласани само неколку минути пред тој да застане на говорницата. Зијадин Села рече дека не ја почитува одлуката на Комисијата истакнувајќи дека на тој начин им се ограничува правото на збор на пратениците Албанци.

Обраќајќи им се на пратениците од ДУИ, Села рече: „Ќе ви кажам јас како се блокира овој закон. Ќе ви покажам кога ќе стигнеме до последниот амандман, ќе видите кога ќе ја земеме оваа говорница, овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме.“

Со ограничувањето на дискусиите, а сега веќе и на процедуралните забелешки, пратениците и од ДУИ и од ДПА сметаат дека им се ограничува правото на изразување во Парламентот.

Цветанка Иванова, претседателката на Комисијата, истакна дека се прави обид за повторна блокада на работата на ова собраниско тело и дека тоа го прават ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од претседателот на Собранието. Иванова беше децидна дека нема да дозволи да се направи повторно блокирање на работата на Комисијата.

braniteli

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

Предраг Петровиќ13/09/2024 - 16:06

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Горан Наумовски12/09/2024 - 12:32

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски12/09/2024 - 11:1712/09/2024 - 11:20

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он03/05/2024 - 14:3903/05/2024 - 14:39

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он10/02/2024 - 15:06

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски27/11/2023 - 14:2527/11/2023 - 14:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен