Маринковиќ: Со Република Ирска за првото место во групата

Од:

По одредувањето на групите од Третата Европска зона на Дејвис купот македонската репрезентација како најголем конкурент за првото место ќе го има во тимот на Република Ирска. Оваа репрезентација ја има улогата носител во групата Б, бидејќи се врати во оваа зона откако лани ги загуби двата меча во Втората Евро-африканска зона (Белорусија и Јужна Африка).

– Тенисерите од Република Ирска се квалитетни особено што играат на трвда подлога (хард).
Во однос на другите две селекции ние ја имаме улогата на фаворити против Еременија и Албанија, изјави селекторот Дејан Маринковиќ по добивањето на ривалите.

Утре во рамките на првото коло Македонија ќе игра против Ерменија, а почетокот на мечот е во 16 часот по локално време. Евентуалното прво место на Македонија во групата ќе значи и дуел во полуфиналето со победникот на групата Ц каде настапуваат Кипар (носител), Црна Гора, Андора и Исланд.

За Македонија во Талин ќе играат: Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ