Четврти ден во Атина нема да се движат метрото, трамваите и електричната железница поради уште еден 24 часовен штрајк на вработените во јавниот транспорт, кои со него го изразуваат своето незадоволство од мерките за штедење, што синоќа ги усвои Парламентот.
Штрајкот го продолжуваат и возачите на такси.
Во 48-часовен штрајк од денеска стапуваат и вработените во локалната самоуправа, Службениците во општините ќе протестираат и за време на викендот.
За в недела во грчкиот Парламент е закажано гласање за буџетот за 2013 година.