Без струја утре делови од Арачиново, Аеродром, Бутел и Шуто Оризари

Од:

Без електрична енергија утре од 6:30 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од село Арачиново, информираат од РЦУК Скопје.

Од  7:30 до 09:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 15 17, 18, 19 и 20 во општина Центар, а од 8:00 до 12:00 часот корисниците од ул.„Тодор Чангов“, под улици  41, 43, 51 и други околни во општина Аеродром.

Во периодот од 8:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од  ул. 18 во населба Радишани, а од 9:00 до 14:30 часот корисниците од северниот дел на населба Визбегово во општина Бутел. Без струја од 9:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од ул.„Дринска“, од ул. „Нов Живот“ и ул. „Виничка“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз