Турските вооружени сили вчера грантираа позиции на „Исламската држава“ во Сирија, каде од саботата стапи во сила договорот за прекин на огнот, објавија турските медиуми, пренесува Танјуг.
На мета на турската артилерија, која се наоѓа во јужната погранична провинција Килиш, се најдоа позициите ИД северно од сириската провинција Алепо, објави Хуриет, и наведе дека вчера попладне, од 14 до 15 часот, испукани се меѓу 50 и 60 гранати.