Започна вкрстувањето на базите за прочистувањето на Избирачкиот список

Од:

Експертите ангажирани од Државната изборна комисија (ДИК) денеска го започнаа вкрстувањето на податоците од десет бази на податоци добиени од релевантни државни институции, соопшти ДИК.

Вкрстувањето на податоците е дел од процесот на прочистување на Избирачкиот список.

На овој процес, како што стои во соопштението, му претходеше стандардизирање, нормализирање и валидација на податоците од базата на Министерството за внатрешни работи (МВР) со базите на Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика, Управата за водење матични книги, Централниот регистар, Народната банка и Управата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме