Штајнмаер: Земјите од ЕУ да не се обвинуваат една со друга поради бегалците

Од:

Земјите од ЕУ мора да соработуваат на разрешување на проблемите на бегалската криза и да престанат да се обвинуваат една со друга, изјави денеска шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.

Тој во интервју за грчкиот весник „Та Неа“ рече: „Мораме да се бориме за Европа. Мора да престанеме меѓусебно да се обвинуваме. Напротив, мораме да ги обединиме силите и заеднички да работиме на европско решение за бегалската криза. Тоа е единствен начин Европа да излезе посилна од оваа криза“.

Тој додаде дека од пресудна важност е Турција да ги исполни своите очекувања и одлучно да се избори со шверцерите на луѓе за да го намали приливот на бегалци од Турција во ЕУ.  

Во последните недели членките на ЕУ почнаа да изразуваат несогласување околу тоа како да се излезе на крај со приливот на стотици илјади бегалци кои бегаат од војна на Блискиот Исток и другите делови од светот.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани