Авторот на „Невиност на муслиманите“, кој предизвика антиамерикански протести ширум муслиманскиот свет, е осуден на една година затвор, поради прекршување на условната казна.
Марк Басели Јусеф, казната ќе ја служи во федералниот затвор, затоа што призна дека ги прекршил одредбите на условната казна.
55-годишниот Јусуф познат и под името Накула Басели Накула или Сем Басил, е автор на спорниот филм, во кој се навредува пророкот Мухамед и кој во септември предизвика бран протести, во кои повеќе лица го изгубија животот.