Македонската тениска репрезентација заминува за Естонија

Од:

Тениската Дејвис куп репрезентација на Македонија од 2. до 5. март во Талин, Естонија, ќе игра во рамки на Третата зона од Дејвис купот.

Македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак заедно со селекторот Дејан Маринковиќ вечерва патуваат за Талин, каде ќе им се приклучи Димитар Грабул.

Јотовски и Србљак одржаа неколку тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ на тврда подлога на која и ќе се играат мечевите во Талин.

На натпреварите во Естонија ќе настапат 16 репрезентации кои ќе бидат поделени во четири групи по четири селекции. Победниците на групите ќе играат во полуфиналето, а победниците во полуфиналето ќе се пласираат во Втората Евро-африканска зона. Македонија годинава нема да биде носител.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ