Талант Душебаев нов селектор на Полска

Од:

Противникот на Македонија и организатор на квалификацискиот турнир за учество на Олимпијадата во Бразил, ракометната репрезентација на Полска од денеска за селектор го има Талант Душебаев, таткото на играчот на Вардар, Алекс Душебаев.

– Не очекува тешка работа. Најпрво е квалификацискиот турнир, а потоа баражот за Светското првенство. Верувам дека можеме да избориме учество на двете големи натпреварувања, изјави Душебаев.

Тој на селекторското место во Полска доаѓа како наследник на Германецот Михаел Биглер. Душебаев до неодамна беше селектор на Унгарија, а веќе две години е тренер на Киелце.

Полска од 8-10 април во Гдањск ќе ги нагости Македонија, Тунис и Чиле на турнирот од кој двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на Олимписките игри што годинава ќе се одржат во Рио де Жанеиро.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ