Вараждин ја доби организацијата на завршниот турнир од СЕХА лигата

Од:

Извршниот комитет на СЕХА Гаспром регионалната ракометна лига донесе одлука во врска со местото и датумот на „Фајнл Фор“ турнирот за оваа сезона. Завршницата ќе се игра воВараждин, Хрватска од 1 до 3 април.

На 1 април во петок ќе се играат полуфиналните натпревари, а на 3 април (недела) се средбите за 3.место и големото финале.

Извршниот комитет на СЕХА Гаспром лигата разговарашеи за учеството на словенечките клубови во сезоната2016/2017.

– Ние сме среќни дека преговорите се одвиваат успешно и во вистинската насока, информираат од СЕХА. Се очекува во наредните денови, по потврдувањето на заинтересираните телевизии за преноси на натпреварите, да биде утврден распоредот.

Оваа сезона од македонските екипи во регионалното натпреварување се натпреваруваат Вардар кој обезбеди место на „Фајнл Фор“ и екипата на Струмица.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска