Вардарки славеа победа на гостувањето кај Савенхоф

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар се радуваа на триумф на гостувањето во Шведска од екипата на Савенхоф во натпревар од Лигата на шампионките.

Во дуелот од последното 6. коло од втората групна фаза, македонскиот првак го победи Савенхоф со 29:26 полувреме 14:14.

Со овој триумф црвено-црните ги зачуваа шанси за освојување на второто место во групата 2, а со тоа и полесен противник во четвртфиналето. Сепак, за остварување на посакуваното тие ќе мора да го чекаат исходот од неделниот дуел меѓу Букурешт и Ѓер во кој ќе навиваат за романската екипа да забележи победа. Само така македонскиот шампион ќе ја освои втората позиција на табелата.

Што се однесува на вечерашниот дуел. Во редовите на ЖРК Вардар најефикасна беше Маја Сокаќ која средбата ја заврши со 7 постигнати голови, додека Барбара Лазовиќ реализира 5 .
Во недела покрај натпреварот Букурешт – Ѓер, ќе се игра и средбата меѓу Будуќност – Митјиланд.

Табела: ЖРК Вардар 14 бодови (+1 натпревар повеќе), Будуќност 13, Ѓер 13, Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ