Повеќе од 80.000 луѓе протестираа пред зградата на Парламентот во Атина, кога пратениците се подготвуваа да гласаат за новите остри мерки за штедење.
Стотина демонстранти се судрија со полицијата.
Мерките , кои во наредните две години треба да заштедат 13,5 милијарди евра, се од клуќно значење дали Грција ќе добие финансиска инекција од меѓународната заедница.
Насилните демонстранти фрлаа камења и шишиња со бензин на кордоните полицајци, а прв пат после неколку години беше употребен и воден топ.
Солзавецот на момент ги растера демонстрантите.Пратениците мораа да ја прекинат расправата бидејчи и вработените во парламентот штрајкуваа поради намалените плати.
Се очекува ноќва да биде усвоен пакетот мерки.
Премиерот Андонис Самарас предупреди дека без кредитот од меѓународните финансиери на 16-ти Ноември, Грција ќе банкнотира.