Кирил Лазаров најефикасен во победа на Барселона над Кристијанштад

Од:

Ракометарите на Барселона забележаа очекувана победа над Кристијанштад во дуел од 13. коло на Лигата на шампиони.

Актуелниот европски првак Барселона славеше со 31:24, полувреме 19:12, на гостувањето во Шведска на мечот од Б групата.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со девет постигнати голови беше најефикасниот не само во редовите на шпанската екипа, туку и воопшто на натпреварот.

Ова беше дуел од Б групата во која преостанатите три средби се на програмата в недела. За нас, најголемо внимание ќе привлече средбата во Унгарија, каде македонскиот првак Вардар гостува на ПИК Сегед. Во другите два меча ќе играат Монпеље – Киелце и Рајн-Некер – Колдинг.

Вчера беше одигран и еден натпревар од А групата. Во Истанбул, Кил славеше победа над Бешикташ со 32-27. Преостанатите три средби ќе се играат утре, а двојките се: Висла Плок – ПСЖ., Флензбург – Веспрем и ППД Загреб – Целје .

А група – табела: Фленсбург 20 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 19, Кил 16, ППД Загреб 9, Висла 8, Целје 5 и Бешикташ 2.

Б група – табела: Барселона 22 бодови, Киелце 17, Пик Сегед 15, Рајн-Некар 15, Вардар 14, Монпеље 7, Кристијанштад 5 и Колдинг 4.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ