На големо изненадување на публиката и целата јавност, Новак Ѓоковиќ се повлече од двобојот со Фелисијано Лопез.
Тој поради проблеми со окото мораше да го предаде мечот по завршувањето на првиот сет во корист на Лопез од 6:3.
Во останатите натпревари, Стан Вавринка беше подобар од германскиот тенисер, Филип Колшрајбер, со 2-0 во сетови, 7-5, 6-1. Маркос Багдатис беше поуспешен од Шпанецот, Роберто Баутиста Агут, со убедливи 7-5, 6-0.
Во најизедначениот натпревар, Ник Кирјос беше подобар од Томас Бердих во два сета, 6-4, 6-4.