Спасовски се сретна со словачкиот амбасадор Безак

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на Словачка  во Македонија Мартин Безак.

Како што соопшти МВР, Спасовски и Безак разговарале за миграциската криза, активностите и операциите кои се преземаат за справување со неа, како и за подготвеноста на Словачка и натаму да и помага на Македонија со персонал и друга потребна помош за справување со последиците од мигрантската криза. 

– Министерот Спасовски и Амбасадорот Безак разменија мислења и за политичката криза во Република Македонија и работата на Министерството за внатрешни работи, при што амбасадорот ја истакна поддршката што Словачка Република и ја дава на Република Македонија за решавање на проблемот односно целосно исполнување на Договорот од Пржино и стабилизирање на политичката ситуација, се вели во соопштението.

На средбата воедно е изразено задоволство од интензивната соработка помеѓу Македонија и Словачка, а особено е потенцирана соработката на министерствата за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он