Околу 400 имигранти го напуштиле транзитниот центар во Солун

Од:

Полицијата од северна Грција соопшти дека околу 400 имигранти, главно Сиријци и Ирачани, го напуштиле транзитниот бегалски центар во близината на Солун и се упатиле кон границата со Македонија, пренесува БТА.

Според полицијата, имигрантите побарале да им биде дозволено да го напуштат центарот, по што тргнале пеш во потрага по други средтсва за транспорт со цел да стигнат до пограничниот град Идомени, на околу 70 километри северно од Солун.

Околу 2.000 имигранти вчера беа префрлени во новоизградениот камп кај Солун, додека грчките власти се обидуваат да се справат со застојот на северната граница, предизвикан од одлуката на државите долж балканската бегалска рута од минатиот викенд за ограничувања на дневниот прием на бегалци.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он