Вардар ќе биде без средниот бек Игор Карачиќ и на претстојното гостување во Сегед, последно во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите.
– Нашиот прв организатор во играта не успеа да закрепне целосно од операцијата која ја имаше на почетокот на февруари, па тренерот Раул Гонзалес и овој пат ќе има скратен тим, како и со Рајн Некар и со Кристијанштад, информираат од клубот.
Карачиќ веќе е вратен во Скопје и полека се рехабилитира, меѓутоа лекарскиот тим процени дека не е треба да се ризикува, туку подобро е тој целосно да се врати во тренажен ритам и да биде максимално подготвен за следните натпревари.
Карачиќ имаше операција на хематом на тестисите, заработен на последниот натпревар на Европското првенство во Полска, во дресот на хрватската репрезентација.
Последниот дуел од групната фаза, Вардар го игра против Монпеље, на 5 март во Скопје.