Берлин лут на земјите што не ги примаат назад бегалците

Од:

Германските власти испратиле вкупно 17 дипломатски писма со предупредување до земјите што не сакаат да соработуваат во процесот на прием на нивни граѓани кои ги депортира Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Еден од проблемите со кои се соочува Германија е тоа што околу 70 отсто од барателите на азил во земјата немаат соодветни документи, а земјите од каде што доаѓаат мигрантите не сакаат да помогнат во процесот на утврдување на државјанствата.

Во 2015 година на над 200 илјади мигранти им беше одбиена апликацијата за барање азил, но само една десетина од нив или 21 илјада беа депортирани во нивните матични земји, пред се затоа што државите од кои тие потекнуваат не соработуваат во Германија.

Останатите околу 180 илјади одбиени баратели на азил сега живеат како „толерирани“ лица во Германија, а се очекува нивниот број да порасне до еден милион доколку наскоро не се најде решение за бегалската криза.

Писмата се испратени до 17 земји од Северна и Западна Африка, како и до држави во Индискиот Подконтинент. Најпробематични земји се Пакистан, Алжир и Тунис, кои практично одбиваат да ги примат назад своите државјани. Писма се испратени и до Египет, Мароко, Етиопија, Бенин, Буркина Фасо, Гана, Гвинеа, Мали, Нигер, Нигерија, Бангладеш, Инндија и Либан.

Иако голем дел од одбиените баратели на азил доаѓаат и од Србија, Албанија, Косово и Македонија, Берлин не испратил писма до балканските земји, кои според германските закони се безбедни, исто како што за безбедни се сметаат и земјите од Северна Африка.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски