Дел од корисниците од населбата Пинтија, општина Кисела Вода, утре од 9 часот ќе бидат без вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Саса“ без број во населбата Пинтија. Прекинот ќе биде се до санирање на дефектот.
В петок од 9 до 13 часот без вода ќе бидат и корисниците од високата зона на Козле, населбите Жданец, Трнодол и Нерези. Прекинот е поради реконструкција на приклучок на улицата „Козле“ без број за Пумпна станица Жданец.