ВИДЕО: Нова сала во Центар за отворена општина

Од:

Општина Центар и Центарот на заедницата ја отворија реновираната сала на Советот и го промовираа општинскиот прирачник за граѓаните.

Граѓаните сега може да присуствуваат на седниците на Советот за да се слушнат нивните идеи во носењето на одлуките.

Прирачникот ги дефинира процедурите и надлежностите на граѓаните, преку кои се олеснува пристапот до услугите на општината.

Овој проект е исклучително значаен и е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Двегодишната соработка и реализирање на проектот дава резултати, рече директорката на ФООМ, Фани Каранфилова Пановска.

„Проектот, кој што од 2014-та се реализира, освен во општина Центар и во две други општини, покажува што значи владеење и функционирање на една општина во држава која тежнее да е европска. Отворените општества ширум светот сакаат да градат држави каде што граѓаните можат да кажат што сакаат и што мислат, дури и тогаш кога власта не се согласува со тоа“, рече Каранфилова Пановска.

„Реновираната сала е за потранспарентно работење на Советот и на општината и за зголемено учество на граѓаните во процесот на носење на одлуките“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Центарот на заедницата е формиран во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории