Делегација од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина, предводена од министерот за одбрана, Марина Пендеш денеска ќе го посети Министерството за одбрана на Република Македонија.
Во рамки на посетата, министерката Пендеш ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министерот за одбрана Зоран Јолевски.
По средбата во Министерството, тие ќе го посетат Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Министерката Пендеш денеска во Меморијалниот центар – Фондација Никола Кљусев ќе одржи предавање на тема „Интеграција на БиХ во ЕУ и НАТО“.