Бешикташ го пречекува Кил во првиот меч од 13-коло во ракометната Лига на шампиони

Од:

Со натпреварот кој ќе се игра вечерва во Истанбул, а во кој екипата на Бешикташ ќе биде домаќин на германскиот Кил ќе биде отворено 13-тото, претпоследно, коло во машката ракометна Лига на шампиони.

Ова е дуел од групата А, во која останатите три натпревари ќе се играат во сабота, а во нив ќе се сретнат: Висла Плок – П.С.Ж., Флензбург – Веспрем и ППД Загреб – Целје.
Во групата Б, за утре е закажан еден натпревар, а во него Кристијанштад ќе биде домаќин на актуелниот шампион Барселона.

Останати три натпревари на програмата се во недела, кога гостува македонскиот првак Вардар во Унгарија кај тимот на ПИК Сегед. Другите два пара ги сочинуваат, Монпелје – Киелце и Рајн-Некер – Колдинг.

А група – табела: Фленсбург 20 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 19, Кил 13, ППД Загреб 9, Висла 8, Целје 5 и Бешикташ 2.

Б група – табела: Барселона 19 бодови, Киелце 17, Пик Сегед 15, Рајн-Некар 15, Вардар 14, Монпелје 7, Кристијанштад 5 и Колдинг 4.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ