Николовски до ДУИ: Поголема е нашата решеност, од вашите сопки за бранителите

Од:

Очигледна е намерата на ДУИ да го спречи носењето на законот за бранители, но решеноста на ВМРО-ДПМНЕ законот да се донесе е поголема, денеска порача пратеникот на владејачката партија, Александар Николовски.

Тој истакнувајќи го партискиот став, изјави дека во ВМРО-ДПМНЕ ги разгледуваат сите можности за забрзување на процедурата, но оти има и опции што се во исклучиви ингеренции на претседателката на Комисијата за труд и социјала, Цветанка Иванова.

Деловникот му дава на претседателот на Комисијата ингеренции во однос на можностите за забрзување на работата. Нека си го проучи добро Деловникот и нека не ја кочи и понатаму работата на Комисијата – истакна тој.

Комисијата за труд и социјала утре продолжува со работа, без да чека толкување од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, објави претседателката на матичната комисија за бранители, Цветанка Иванова.

Одлуката на Иванова доаѓа откако ден претходно претседателот на Собранието, Трајко Вељановски рече дека нема да ја свика Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања пред да гласа Комисијата за труд и социјална политика за предлогот за ограничување на дискусиите што го оспори ДУИ, која поднесе 15.451 амандман за предложениот закон за бранителите.

Таа го обвини Вељаноски дека се претворил во алатка на партијата на власт, наместо да работи на тоа да ја прекине битката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ врз грбот на бранителите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски