Откриени крадците што ја ограбија тетовската џеамија

Од:

Тројца албански државјани кои непријавено претстојувале на подрачјето се извршители на кражбата што вчера утрото околу седум часот била извршена во џамијата што се наоѓа на улицата „176“ во Тетово информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

А.Ч.(23), Е.Д.(21) од Либражд и К.Џ.(28) од Елбасан влегле во џамијата низ незаклучената дрвена врата од северната страна на објектот по што од двете метални каси за доброволни прилози на верниците со употреба на метална жица успеале да одземат, односно извлечат извесна сума парични средства.

– Со одземеното заминале, но за кусо време повторно се вратиле назад најверојатно со намера да продолжат со кражбата. Тогаш биле забележани од вработен во објектот кој го пријавил случајот по што најпрво двајца од нив а потоа и третиот се приведени и во координација со јавен обвинител задржани во СВР Тетово, рече Јосифовски.

Нешто подоцна, додаде, со содветен поднесок се изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово. Тројцата албански државјани се осудени и изречена им е забрана за влез во Македонија од пет години поради што ќе следи нивно депортирање во матичната земја.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби