Кривична пријава за албански државјанин за кражби

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П. (24) од Либражд – Република Албанија.

Како што соопшти СВР Охрид, пријавениот на 27 јануари годинава со уште едно лице од Албанија, во близина на граничниот премин „Ќафасан“ илегално ја преминале државната граница и во населбта Теферич од еден автосервис одзеле патничко моторно возило марка „БМВ- 320Д“ кое, незаклучено и со клучевите на брава било оставено на поправка.

– Двајцата, со возилото се упатиле во селото Велешта каде, А.П. повторно влегол во авто сервис и извршил тешка кражба. Тој со подесен предмет го скршил прозорот, влегол во сервисот по што извршил пребарување, а потоа и одземање на алати и воздушни филтри во вкупна вредност од 120.000 денари. По извршените казнени дела и со одземените предмети, пријавениот и неговиот пријател се упатиле кон граничниот премин „Ќафасан“. Одземеното возило го оставиле во близина на граничниот премин и повторно илегално ја преминале државната граница, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По извршени консултации со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струга, на пријавениот му е изречена мерка забрана за влез во Република Македонија во траење од три години.

Пријавениот А.П. и е познат на службата како сторител на повеќе слични казнени дела на подрачјето на Струга.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина