Каде исчезнаа децата бегалци?

Од:

Дојче веле – Берлин

Никој не може да каже колкав е бројот на малолетните бегалци во Европа кои се водат како исчезнати, како ни каде се тие деца. Очигледно е дека во регистрацијата се направени грешки.

Зошто за бегалците кои се деца или адолесценти по регистрацијата не се водела грижа?

Колку малолетници конкретно исчезнале? Во потрага за одговор на тоа прашање се откриваат големи грешки при регистрацијата.

Европол и германската криминалистичка полиција БКА изнесоа бројки кои всушност не важат, бидејќи секој ден се менуваат. Освен тоа, начинот на кој се собирале податоците предизвикува сомнежи.

Организацијата за заштита на децата и бегалците зборува за загрижувачки бројки, но ни тие не можат да се повикаат на факти. Исто така и БКА поаѓа од тоа дека на 1 јануари 2016 година, во Германија имало 4.749 малолетни бегалци без придружба на возрасни лица. Тие се делат во две групи: 431 од тие бегалци биле помлади од 13 години, а 4.287 од нив се на возраст од 14 до 17 години.

„Не знаеме ни каде се наоѓаат‟

Забележана е повеќекратна регистрација во неколку германски сојузни покраини, а некои од тие исчезнати деца по кусо време повторно се појавуваат, вели една портпаролка на БКА. – Но, не можеме да исклучиме дека некои од исчезнатите на почетокот на годината не доспеале во раце на криминалците, додава таа. Попрецизни сознанија за тоа БКА нема.

Шефот на Европол Брајан Доналд во изјава за британскиот весник „Обсервер‟ призна дека илјадници малолетни бегалци биле регистрирани во европските земји, но дека нивната трага се изгубила.

Доналд предупреди дека некои од тие деца можеби паднале во раце на криминалци.

– Не се сите жртви на криминалците, некои од нив можеби се заштитени од членови на семејството. Но, едноставно, не знаеме каде се наоѓаат, вели тоја.

Докази за злоставување

Шефот на Европол вели дека собрал докази за тоа оти некои деца и млади во текот на бегството во Европа биле сексуално злоставувани. Се сиздаде една криминална инфраструктура, која профитира од мигрантскиот бран, вели Доналд. Шверцерите ги користат бегалците за работи кои имаат врска со секс индустријата и како робови.

Но, тоа не е ништо ново, вели Доналд, бидејќи во текот на секој бегалски бран во историјата доаѓало до насилства кон послабите. Меѓутоа и по тоа прашање за сега постојат повеќе шпекулации отколку факти.

Со јасни бројки располагаат градовите и општините. Според информацијата на германскиот кабинет за млади, во Германија актуелно се води грижа за околу 60.000 малолетни бегалци кои дошле без родители или возрасни лица. Се наведува дека многу од тие деца зборувале за ужасни искуства во текот на бегството.

Грешки во системот за регистрација

Несигурната статистичка состојба им ја отежнува работата и на детските организации. Така УНИЦЕФ соопшти дека Бројката која ја наведе Европол „ја сфаќа многу сериозно‟.

Според наводите на УНИЦЕФ, една третина од бегалците кои од летото 2015 година дошле во Германија, се деца и млади. Тие податоци се темелат на нецелосни наводи на власта, истакнува организацијата и додава дека се уште не постои детален преглед.

УНИЦЕФ критикува што при регистрацијата не се забележува староста на бегалците и се бара малолетните бегалци да се регистрираат во сите транзитни земји и во тие каде што ги прифаќаат, како и нивната состојба постојано да се контролира.

Германскиот сојуз за заштита на децата смета дека се направени големи пропусти по прашањето на заштита на малолетните бегалци.

Криминалците целно ја искористуваат состојбата во која се најдоа тие деца, кои сами морале да стигнат во Европа, изјави за германскиот јавен сервис претседателот на оваа организација Хајнц Хилгерс. Малолетните бегалци можат да се заштитат, само ако се под грижа на кабинетот за млади или ако се спојат со своите семејства, додава тој.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он